Нападнати две девојки во близина на РТС: Литијаш ги удрил со тупаница во главата
Нов инцидент се случи во близина на зградата на РТС. Имено, две девојки им пришле на демонстрантите со цел да ги сликаат настаните, по што маж излегол од толпата и почнал да ги удира по глава, јавува новинарот на Нова.рс кој бил сведок на инцидентот.

Во тој момент тој дел не бил обезбеден од полицијата.
По нападот, девојките успеале да стигнат до полициска патрола и да дадат изјава, по што им било кажано да се оддалечат.






