Наскоро завршува мобилизацијата во Русија, властите се блиску до планираниот број регрути

Вкупно 260.000 руски државјани се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација, која завршува следната недела, изјави Нина Останина, претседателка на Комитетот за семејни, женски и детски прашања во Државната дума.

По средбата со заменик-министерот за одбрана Николај Панков, таа рече дека во средата, на 19 октомври, тој соопштил дека бројот на мобилизирани е 251.000 од планираните 300.000, а дека денеска таа бројка достигнала 260.000 и оти останале само 14 отсто до постигнување на планираната бројка.

Останина потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на 14 октомври изјави дека мобилизацијата ќе заврши за околу две недели.

– Мобилизацијата завршува следната недела. Ова го изјави заменик министерот за одбрана Николај Панков, а го потврди и началникот на Секторот за мобилизација, Евгениј Бурдински, рече таа.

Back to top button
Close