Наставата во училиштето „Владислав Рибникар“ ќе може да ја следат само децата чии родители изразиле желба за тоа


Ова се дел од препораките за организација на воспитно-образовниот процес во ова училиште до крајот на тековната учебна година кои денеска ги донесе Министерството за образование на Србија.

Во соопштението на Министерството, како што пренесуваат српските медиуми, се наведува и дека „на секое дете, кое не се чувствува подготвено да посетува настава и кому му е потребна поддршка, истата ќе му биде пружана од страна на стручни лица“.

Покрај ова, од Министерството најавија дека подготвуваат предлог за посебен модел на запишување во средно училиште за учениците од осмо одделение од ова училиште, кој најпрво ќе биде претставен пред родителите.

Во соопштението се наведува дека препораките за понтамошното одржување на наставата е донесена во договор со Советот на родители на училиштето, Работната група за поддршка на менталното здравје и безбедноста на младите и Педагошкиот колегиум на училиштето.

Претходно, претставничка од српското Министерство за образование, Снежана Вуковиќ, информира дека од денеска, 22 мај, продолжила наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ каде што на 3 мај годинава се случи масовно убиство во кое загинаа девет ученици и чуварот на училиштето.

Таа кажа оти децата немаат задолжителна обврска да се вратат на настава со физичко присуство.

Back to top button
Close