Наставничка позитивна на ковид стави во изолација 15 првачиња во ОУ„ Гоце Делчев“ во Центар

Уште една наставничка е во изолација како сомнителна и ги чека резултатите од тестирањето кои треба да бидат готови до сабота

Таа дотогаш ќе остане дома, додека децата од нејзиното одделение одат на настава со заменски наставник.

Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар од синоќа се во 14-дневна изолација откако една наставничка е позитивна на коронавирус.

„За една наставничка е потврдено дека е позитивна на ковид-19. Вчера добивме резултати и веднаш им се јавивме на родителите. Таа ќе држи онлајн-настава, а децата се во изолација – изјави за „360 степени“ директорката на училиштето, Наде Молеровиќ.

Таа рече дека уште една наставничка е во изолација како сомнителна и ги чека резултатите од тестирањето в сабота. Таа дотогаш ќе остане дома, додека децата од нејзиното одделение одат на настава со заменски наставник.

„Сѐ додека не се потврди дека таа има ковид-19, децата ќе одат во училиште. Наставничката можеби има само настинка. В сабота, ако се покаже дека се работи за ковид, в понеделник ќе ги изолираме децата – ни изјави Молеровиќ.

 

Back to top button
Close