НАТО ги разгледува можностите за обезбедување противвоздушна опрема за Украина

Министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска и утре на состанокот во Брисел ќе разговараат за можностите за брзо обезбедување на Украина со опрема за противвоздушна одбрана. Тоа го соопшти генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот.

Столтенберг прецизираше дека на Украина и се потребни различни противвоздушни системи, вклучително оние со голем дострел како и средства за уништување беспилотни летала.

„Нашата порака до Украина е дека сме подготвени да пружиме долгорочна помош се додека е потребна“, рече тој.

Според него, сојузниците ќе разговараат за прашањето за надополнување на залихите на оружје на земјите од Алијансата поради зголемените потреби. Министрите ќе разговараат и за прашањето за заштита на критичната инфраструктура по саботажата на гасоводот „Северен поток“ во Балтичкото Море.

Столтенберг повторно истакна дека и покрај заканите на Русија за употреба на нуклеарно оружје, НАТО врши мониторинг и досега не се забележани никакви промени во распоредот на руските нуклеарни сили.

Генералниот секретар го повтори повикот до Белорусија да не соработува со Русија во воените дејствија против Украина.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close