НАТО мора да избегне директен судир со Русија, смета Шолц  

НАТО мора да избегне директна воена конфронтација со Русија, бидејќи тоа може да доведе до Трета светска војна, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

На прашањето зошто мисли дека испораката на германски тенкови за Украина може да доведе до нуклеарна војна, Шолц во изјава за „Шпигел“ рече дека „не постои правило за да се одреди кога Германија може да се смета за воeна страна во војната во Украина“. Затоа, според него, многу е важно секој чекор внимателно да е разгледан.

Шолц ја истакна важноста членките на НАТО да соработуваат тесно и да игнорираат прекумерни повици за остри реакции, бидејќи последиците од погрешното постапување може да бидат драматични.

 

 

Back to top button
Close