Нe се ни дискутира Алијанса да биде дел од влада која нема да постави рок за уставните измени – порачува Села


Нe се ни дискутира Алијанса на Албанците да биде дел од влада која нема да постави рок за уставните измени и што поскоро да бидеме дел од Европската Унија – вели Зијадин Села во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 одговарајќи одречно на прашањето дали слушнал за иницијатива сите партии на Албаците пред избори да потпишат изјава со која ќе кажат дека нема да влезат во влада што нема да си постави рок за носење на уставните измени.

„Без да има потреба да се потпишат изјави и такви работи, немам информации за иницијатива за потпишување декларација, тоа треба да биде основно и главно правило на секој политички субјект кој излегува пред граѓаните и ја истакнува Европската Унија. Јас сум зборувал во врска со овие теми и со нашите пратеници кога отвораме политички дебати, но и во настапите што сме ги имале – многу е некоректно сите политички субјекти во нивната политичка програма да зборуваат цело време за ЕУ, а од друга страна, кога сме веќе многу блиску до Европската Унија да не преземат одговорност за она што е потребно, да донесат компромис и да гласаат за потребните уставни измени за да се доближиме до ЕУ“,

вели пратеникот и прв човек на партиското Централно собрание.
Според Села, „за луѓето што точно и јасно го сфаќаат тоа и кои немаат за цел да манипулираат со јавноста, како што прави ВМРО-ДПМНЕ, француско-германскиот предлог кој помина во Собранието и вметнувањето на Бугарите во преамбулата не е веќе билатерален спор помеѓу Македонија и Бугарија, туку билатерален спор помеѓу Македонија и ЕУ“. Тој смета дека граѓаните треба да му свртат грб на секој политички субјект кој доаѓа им вели – да ни ги дадете гласовите бидејќи ние ќе ги оневозможиме уставните измени. Гласот, според Села, треба да им се даде на оние што имаат вистинска ориентација кон ЕУ.

Прашан дали тој лично и Алијанса имаат контакти со ВМРО-ДПМНЕ, Села одговара:

„Јас лично немам никаков контакт со нив. Имаме секојдневни контакти во парламентот кога се поздравуваме со колегите, од култура. Освен вакво нешто, друг контакт не сум имал. Не верувам дека и партијата, барем од информациите што ги поседувам, има контакти во врска со процесите и она што се очекува да се случува во иднина. Се додека не е известено за вакви нешта, не можам да верувам дека има контакти“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close