Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко силувал малолетничка!

Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка.

Според пријавата во ОВР Неготино, неговиот татко на возраст од 74 години, ја извршил обљубата врз малолетното девојче пред неколку години.

Од СВР Велес за ,,Фокус” го потврдиле случајот и известуваат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Додаваат дека настанот се случил пред подолг временски период, но зошто неготинецот дури сега пријавил, како и други информации поврзани со случајот не се откриваат, со цел да се заштити идентитетот на малолетната жртва

Back to top button
Close