НЕКАЗНИВОСТА ДОБИ ЛИК И ИМЕ

Откако стивна првичната паника со бришење фотографии и објави со Палчо, сега тие што шуруваа со него почнаа да се фалат со докази. Вака требало, онака требало, вака да било, онака да било…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дури и се пофали дека знаел некои работи за истрагата, ама сега не ги кажувал. Ќе ги кажел подоцна.

Ништо невообичаено и ништо ново од Мицкоски. Така правеше и пред референдумот кога се менуваше името. Ќе го менуваше Преспанскиот договор. Како? Ќе кажеше подоцна. Истото го прави и сега со ставањето на Бугарите во Уставот. Ќе го менува францускиот предлог. Како? Ќе каже подоцна. Ќе ги почне преговорите со ЕУ. Како? Ќе каже подоцна.

Ако тоа што го дознал за убиството на Вања досега не го кажал во Обвинителството, тогаш станува збор за најмизерно политичко лешинарство. Криењето докази е кривично дело. Во држава во која владее правда за сите, од тоа не би требало да биде изземен лидер на политичка партија.

А за одговорноста дека го банализира злото за политички да профитира – ич муабет да не правиме.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк мк

Back to top button
Close