Некогашниот приштински затвор отворен за јавноста

– Во рамките на активностите за одбележување на 21-годишнината од ослободување на Косово, денеска премиерот Авдулах Хоти и министерката за култура, млади и спорт Вљора Думоши на свечен начин го отворија за посетители некогашниот приштински затвор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти го оцени како посебен момент отворањето на затворот, за кој рече дека со право се нарекува „затвор на идеите“, бидејќи од таму потекнале идеите за движењата на отпорот во Косово.

– Посебно чувство и доживување е влегувањето од една ќелија во друга. Ова е затвор на идеите. Нека биде ова центар во кој сите граѓани на Косово ќе го доживеат тоа низ што поминувале луѓеето додека биле затворени, рече Хоти.

Затворот, како што кажа министерката Думоши, е изграден во 1945 година, во времето кога министер за внатрешни работи на тогашна комунистичка Југославија бил Александар Ранковиќ, а го граделе политичките затвореници.

Думоши информира дека се планира некогашниот приштински затвор да се претвори во музеј.

Back to top button
Close