Советниците во општина Пехчево гласаа против изградба на дата-центар

Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против.

Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево.

Гласањето следува по реакциите во јавноста во изминатите недели околу најавениот проект и начинот на кој се водела постапката. Меѓу главните забелешки се недостатокот на информации за инвеститорот, како и прашањата за тоа колку вода и електрична енергија би трошел објектот. Беа изразени и сомнежи за потенцијалното влијание врз природата и животната средина, како и критики дека граѓаните и стручната јавност не биле доволно вклучени во процесот.

Граѓански активисти во изминатиот период активно работеа против изградбата на дата-центарот и повикуваа постапката да биде запрена.

Реакции имаше и од ДОМ и Левица, кои побараа поголема транспарентност и одговори за влијанието на проектот врз локалната заедница и ресурсите

Back to top button
Close