Неколку совети за негувана кожа

 Порите се скоро невидливи на кожата, а тоа пак, значи дека нечистотиите и другите влијанија се уште помалку видливи.

Иако е невозможно порите трајно да се намалат, некои производи за нега на кожата можат да ги направат помали. Најдобар начин да ги негувате порите е да користите ретиноиди навечер… Следуваат и неколку навики кои треба да се избегнуваат заради понегувана кожа…

Не држете го телефонот близу до лицето!

Истражувањата покажуваат дека паметниот телефон може да има десет пати повеќе бактерии отколку, на пр., една тоалетна школка. Телефоните се како магнети за бактерии, а во текот на денот, на екранот останува и шминка, лосион, како и токсини од околината. Секојпат кога го држиме телефонот близу лицето, овие бактерии се пренесуваат на кожата.

Не изложувајте се премногу на Сонце!

Сонцето ја дехидрира кожата и ги прави масните жлезди да работат повеќе. Тоа ги отвора порите, а вишокот маснотии така полесно ќе се заглават во нив. Дерматолозите препорачуваат дневна заштита од сонце за да се спречи и проширувањето на порите, меѓу другото.

Редовно чистење на приборот за шминкање

Секојпат кога користите четки за шминкање или сунѓерчиња, тие собираат маснотии, прав, отпадната кожа и остатоци од шминка. Ако не се чистат редовно, овие алатки собираат бактерии што, секако – ќе ги затнат порите.

Избегнувајте производи за коса кои содржат масло!

И производите за коса кои содржат масла ги затнуваат порите. Така, дури и ако вашата кожа не е склона кон акни, производите за нега на коса може да предизвикаат нивно појавување.

Водоотпорна шминка

Водоотпорните производи многу често содржат силикон кој, исто така, ги затнува порите, недозволувајќи ѝ на кожата да дише. Препораките говорат да се избегнува секојдневна употреба на водоотпорна шминка, особено ако вашата кожа е склона кон акни.

Back to top button
Close