Нема опасност од распаѓање на владината коалиција во Бугарија, тврди претседателот на бугарскиот Парламент

Претседателот на Парламентот на Бугарија Никола Минчев изјави дека нема опасност од распаѓање на владејачката коалиција во државата поради претстојната одлука за воено-техничка помош на Украина. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Советот на владејачката коалиција во Бугарија утре ќе расправа за доделување помош на Украина, а конечната одлука се очекува да биде изгласана во парламентот в среда. Минчев изрази мислење дека ќе се најде такво решение кое ќе одговара на ставовите на Бугарската социјалистичка партија.

Според Минчев, ќе се види точно кои се потребите и што може Бугарија да и пружи на Украина врз која Русија изврши инвазија

Back to top button
Close