Нема повеќе руска нафта за Србија

Новиот пакет санкции против Русија, подготвен од Европската унија, нема да го вклучува изземањето, т.е. дерогација за Западен Балкан, а со тоа и за Србија, поради односот на Белград кон официјална Москва.

Тоа практично значи дека, како што е наведено во шестиот пакет санкции на ЕУ, од 1 ноември Србија нема да може да се снабдува преку Јадранскиот гасовод, што ја доведува во прашање цената на домашниот пазар, како и изборот на алтернативни патишта за снабдување.

Србија не воведува санкции кон Русија, затоа не треба да има корист од отстапувањето. Со овој став се согласија и другите земји-членки (ЕУ) – изјавил дипломатски извор кој бил вклучен во дискусиите за новиот пакет санкции, пренесува Радио Слободна Европа.

Back to top button
Close