Нема препораки за нови мерки, средба на Комисијата за заразни болести в понделеник

Комисијата за заразни болести денеска нема да издава нови препораки за рестрикции поврзани со заштитата од ширењето на коронавирусот, а следниот состаник ќе го одржи в поднеленик информираат од Министерството за здравство.

„Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат. Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

Како што денеска посочи министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од 4 лица во текот на 24 часа како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори“ – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

 

Back to top button
Close