Неофицијално: Финансиската полиција го приведе Стефан Богоев, истрага за тендер во Царина

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е меѓу четирите лица опфатени во денешната акција на Управата за финансиска полиција, дознава Скопје1. Неофицијално, тој е приведен.
Акцијата се спроведува во координација со Основното јавно обвинителство, а според првичните информации, се однесува на сомнежи за местење тендер и незаконитости во постапка за јавна набавка поврзана со Царинската управа.
Според информациите, осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконитости поврзани со тендерската постапка.
Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Финансиската полиција и Обвинителството за конкретните сомнежи и за опфатот на истрагата.






