Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња


Драстично зголемување на паричните казни за физички лица, од 400 евра за несоодветно чување и шетање на куче, до 5.000 евра за предизвикување болка, страдање или повреди, мачење, сурово и нехумано однесување и убивање на животните.

Ова се само дел од измените кои ги предвидува предлог-законот за заштита и благосостојба на животните, објави Телма. Имените главно се насочени на решавање на проблемот со напуштањето на домашните миленици, нивното неконтролирано размножување и трговија за што краен резултат треба да биде намалување на бројот на бездомни кучиња.

Член 4: „…На сопственикот кој ќе го напушти својот миленик трајно му се забранува држење на миленици; Се забранува неконтролирано размножување, продажба и давање на подарок домашни миленици… Се забранува чување на домашен миленик – куче, постојано врзано на ланец или во затворен дел од ограден простор, без да се овозможи слободно движење надвор од тој простор најмалку еднаш во денот, со цел да се задоволат неговите физиолошки и физички потреби… Се збаранува зашеметување, колење или усмртување на животни за ритуални цели…“, се дел од измените предвидени со предлог-законот.
Предлог-законот предвидува и задолжителна стерилизација на домашни кучиња, забрана за продажба и давање на подарок домашни миленици од нерегистрирани одгледувачи, а одгледувачниците пред да го направата тоа ќе мора новите легла да ги пријават кај ветеринар, но и кому ги дале. Една мачка или кучка нема да смее да има повеќе од едно легло годишно.

Back to top button
Close