Несреќа на регионалниот пат Велес-Скопје: Возачот загина на лице место

Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од с.Ржаничано, скопско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Back to top button
Close