Нетблокс“: Интернет и телефонските услуги се вратија во Газа

Слушаме дека се обновува интернет конекцијата во Појасот Газа, вели групата за мониторинг на интернет „Нетблокс“.

И палестинската Црвена полумесечина соопшти дека телекомуникациските и интернет услугите во Појасот Газа се обновени. Тие рекоа дека биле „намерно и насилно отсечени од страна на израелските власти“.

-Овој повторен прекин дополнително го зголемува страдањето на тимовите за одговор при катастрофи, додаде Палестинската Црвена полумесечина во објавата на „X“.

Back to top button
Close