НИЕ И ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА: СО ФРУСТРАЦИИ НЕ СЕ ЛЕЧИ “ПОГРЕШНО ЗАКОПЧАНО КОПЧЕ”!?


Човекот кој асветот го разбираше како поле за културен натпревар мегу народите, значи, априори интернационалист, најверојатно, се превртува во гробот после вчерашното, срамно, одбележување на 151 годишнината од своето раѓање, во вечнотио почивалиште на скопското кале, во црквата “Свети Спас”.

Гоце Делчев, идеологот на македонското револуционерно движење, уште повеќе, ќе мора да се ротира, во “Спомен куќата”, како што, на својата официјална страница, напишаа ПР- мајсторите на СДСМ. Се обидоа срамот да го избришат, но веќе беше доцна. Ниту овде, ниту во Софија, веќе не функционира по “системата”: ”тази дупка не е дупка”!

Или, барем, би требало да биде така, како што: храбро, достоинствено, чесно, одговорно и добронамерно, се обиде тоа на бугарските граѓани, преку нивниот национален сервис, да им го објасни кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Кога на кошулата, погрешно ќе го закопчаш првото копче (Гете), тогаш сите наредни, ќе бидат погрешно закопчани!
Да не го навредуваме бугарскиот народ, тој е систематски стигматизиран и парцијално, според политички потреби, инструиран. Но, бугарските власти, ако се исклучи кратскиот период на Георги Димитров, децении и векови наназад, секогаш, ја одбирале полесната патека, која, понекогаш, може да биде стрмна, но и СРАМНА.

Во однос на Македонија и Македонците, официјална Софија, секогаш настопувала и настојува да изигрува поголе брат, кој може помалиот да го тегне за уши, а тој не смее да рече, ниту, доста ми помагаш брате!
Софија, со голема уста пее како сака ние да влеземе во ЕУ, а на секаков начин не спречува во тоа. Максо, синоќа, им кажа дека најголемиот профитер од Македонија во ЕУ, ќе биде токму Бугарија. Затоа што е поголема нација, затоа што е поголем пазар. Има многу затоа, но…!?
Ништо, освен историски фрустрации, нема зад таквото поведение на официјална Софија. Какви “трети страни”, какви Руси, какви бакрачи. Ако ги има, Пендаровски и Ковачевски треба да гис тават на маса, пред јавноста.
А, дека во Софија има такви влијанија, тоа се гледа и од “сaмолетот”. Токму поради проруските влијанија и опворени партиски заложби на конкретни политички субјекти, повторуваат избори “секоја месечина”, а на можат да состават влада!?

Дали Македонците ги мразат Бугарите. Апсолутно не.

Бугарите се мразат, односно самите работаат на својата штета. Инцидентот во Охрид, со тој опскурен лик Пендиков, кого официјална Софија го подигна на ниво на свето лице, е најдобриот пример за тоа. Самите се заплеткаа во еден бизарен случај, за што им се смее светот. Пендиков дури и да се чувствувал како Бугарин, е тепан од уште поголем Бугарин од него, барем во формална смисла.

Зарем Пендиков и омразата од Македоне е најгорливиот проблем за Бугарија, за официјална Софија да испрати смешна порака до светот, со чинот на изгласувањето на Декларација за Македонија, на пет минути пред распуштањето на нивното национално собрание,

Зарем Македонците ја измислија крилатицата: ”ќе те растурам како бугарска скупштина”? Зарем Македонците од оваa страна им изгласаа во Собранието пакт со фашистичка Гетрманија. Зарем Македонците од оваа страна ги држеа коските на Делчев половина век во дисаѓи!?

Тоa се тие фрустрации, со кои официјална Софија тренира строгост кон Македонија и Македонците. Бугарското општество е толку затруено, што официјалните ставови на “столицата”, во парламентот добиваат апсолутна поддршка!
На прашањето на Максо, зошто бугарскиот фашистички режим, ако веќе толку ги сакал Македонците и Македонија, не ја “администрирал!” цела, туку само до Групчин, како што вели мојот колега и се надевам, сеуште пријател, Коста, Костадин Филипов, поранешен дописник на БТВ од Скопје. И додава: од таму натака беа италијанските окупатори!?
А, бе Коста, како тие биле окупатори и бугарската солдатеска била администратор? Те нели, Хитлер, како подарок, ви ги даде одвоените дела, само затоа што му бевте сојузници?

Драг Коста, не постои Македонец што тебе те мрази, само затоа што си Бугарин. Ти си бил во Македонија и мојот Охрид, стотици пати. Дали некој те чепнал? Во Охрид летово, како туристи, престојуваа илјадници Бугари. Дали си чул дека некој ги чепнал, ги удрил, им прошкабал по возилата?

“Њама такави” Коста! Ние ве сакаме. Оставате тука пари, како што Македонците оставаат на Черното море, во Сандански, или Помпорово. И Максо тоа ти го кажа. В очи, пред целата бугарска јавност.

Манифестацијата што јас ја водам – Балканскиот поетски камп “Ванчо Николески”, изминатата година помина под знакот на учесниците и учесничките од Бугарија. Тие ми ја воздигнаа, јас им возвратив, како на вистински браќа и сестри. Дали ти самиот, ме носиш во лош спомен, од времето на другарувањето во Скопје, во мојот кабинет и по скопските “заведенија”?

На официјална Софија се некој друг и е виновен. За Бледскиот договор, те дал согласност, те го раскинал Сталин. Еми, вие “предвте во иста дупка” со Сталин, не ние? За Коските на Гоце, бил виновен некој, кој “втази част”, имал влијание на власта во Софија!

Не бе Коста. Не ги чуваше власта коските на Гоце. Ги чуваа здруженијата на Македонците таму. Ако ги чуваше власта, или ќе ги погребеше како на херој, или, ќе ги запалеше во пламен и динамит, како што вие таму го дигнавте во воздух монуманеот – Мавзолејот на Георги Димитров. И тоа во вториот, или гтретиот обид, бил бетонот многу цврсто поставен!?

Ние ли од оваа страна, ви изградивме така цврст монумент!?
Драг Коста. Се додека вашите “политици”, особено во предизборие ( кое кај вас постана континуитет!), печалат гласови во Македонија, со провокации и навреди, се дотогаш, ќе барате да ве сакаме по секоја цена, да ни ја толчeте главата, а ние, дури, да не смееме да извикаме: немој, бате Коста, толку да ме сакаш!!!

Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close