Никола Карев во бронза наместо во мермер, преплатен со 45 милиони денари
Случајот „Феникс” кој го обелодени Обвинителството, од пепел повторно го крена контроверзниот случај “Скопје 2014”. На површина излегоа многу небулози и криминал во неговото спроведување. Случајно или намерно птицата феникс е заштитниот знак на Општина Центар, преку која одело се, иако, првата грешка е направена со заобиколување на Законодавниот дом како надлежно кога се работи за споменици од интерес за државата.

Еден од почистите случаи прелу кој се гледа јасно дека реализацијата на проектот се одвивала на начин на кој се создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства е скулптурата на Никола Карев поставена пред Собранието, пишува Макфакс.
Лиењето првично требало да чини 5 милиони денари и да биде во бронза. Но, потоа некој се премислил и го сменил огласот за јавна набавка и скулптурата требало да биде во мермер и да чини 45 милиони денари. Сите 45 милиони денари биле потрошени, а споменикот како што секој може да види не е во мермер туку е во бронза. И ова е само еден пример.
…






