Николоски: Да имаа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаа за Уставот до сега ќе го сменеа

Ако има мнозинство Владата нека го достави предлогот за промена на Уставот во Собранието, вели за Детектор, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој вели дека Договорот со Бугарија е штетен договор за Македонија и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат. Додава дека Владата знае за тоа и затоа предлогот за промена на Уставот се уште не е поднесен во Собранието.

„Ова е една пропаганда која што трае добри 9 – 10 месеци, дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои што би гласале. Таа пропаганда се разбива како меур од сапуница, а всушност најдобар тест за Владата е да го стави предлогот во Собранието и да се удри од ѕид затоа што нема поддршка во Собранието за промена на Уставот. Не гледам причина да се влече процесот. Договорот се направи минатиот јули, еве сме, мај дојде, нека го достават, зошто да се чека година дена, нека го достават во Собранието и ќе видат и тие и целокупната македонска јавност дека поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за оваа работа нема“ – вели Николоски за Детектор.

Back to top button
Close