Николовски: Чулев ќе остане запаметен по неодговорното однесување во време на здравствена криза

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев ќе остане запаметен по неодговорното, несериозно и незрело однесување во време на сериозна здравствена криза, напиша на својот фејсбук профил генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

-Заради теснопартиски и популистички интереси, Чулев по налог на Христијан Мицкоски директно поттикна непочитување на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Сметката од неговиот несериозен однос, стигнува деновиве преку бројките на новозаболени. Заради таквото неработење Чулев мора веднаш да поднесе оставка, пишува Николовски.

Според Николовски, справувањето со последиците од коронавирусот бараат одговорни, сериозни и професионални личности на раководни позиции. Чулев, како што истакна, не е ништо од тоа

-Граѓаните и полицајците мора да се ослободат од непрофесионалниот однос на Чулев. Оставка веднаш, напиша Николовски на фејсбук.

Back to top button
Close