Николовски: Казната за возачот на бентлито е 5.000 пати помала од вредноста на возилото

Такво крајно непочитување на општествените норми, какво што видовме од возачот на бентлито на скопскиот плоштад, не смее да помине само со казна од 45 евра, 5 илјади пати помала вредност од автомобилот со кој возачот дивееше на снимката, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовси.

– Ја поздравувам реакцијата на министерот Спасовски и начинот на кој ја информираше јавноста за случајот. Немам сомнеж дека МВР ќе ја заврши својата работа на високо ниво, воедно апелирам сите надлежни институции да покажат правичност. Ова безобразно кршење на редот мора да се плати соодветно. Недопирливи нема и не смее да има – посочи Николовски

Back to top button
Close