Николовски: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација
Досегашниот министер за земјоделство и иден пратеник на СДСМ, Љупчо Николовски, вели дека во наредниот период ќе следува реорганизација на партијата. Според него, по ова СДСМ ќе биде обединет и победнички.
„Искрено и од срце сакам да се заблагодарам до сите граѓани за дадената поддршка, до секој член и симпатизер на СДСМ за вложеноста и посветеноста во изборите. Како претставник на граѓаните во Собранието останувам посветен во борбата за подобар живот на секој еден граѓанин, на земјоделците и развојот на македонскиот исток. Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет и победнички“, напиша тој на Фејсбук.