Николовски: Се е подготвено за првите внатрепартиски избори

По неколку дена отсуство од јавни настапи, вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, се огласи на социјалните мрежи дека денес остварил работен состанок со партиската Централната изборна комисија.

„Се е подготвено за првите директни внатрепартиски избори коишто на 21 март ги организира токму СДСМ. Во 80 општини ширум земјава, во секоја Општинска организација на СДСМ, в недела ќе бидат отворени гласачките места“, напиша Николовски на фејсбук.

Инаку, опозицијата го прозва Николовски дека во време на пандемија заминал на одмор во Дубаи, додека тој и од Владата соопштија дека искористил неколку дена од годишниот одмор за приватни потреби.

Back to top button
Close