НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе
НЛБ Банка со отворањето на нова експозитура во населба Тафталиџе ја прошири својата продажна мрежа на уште една локација.
Новата експозитура ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Истата е опремена по најсовремени технолошки и безбедносни стандарди, како и со 24-часовна самоуслужна зона со „Cash in“ банкомат. Во самоуслужната зона клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон.
Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 8 до 16 часот.
„Ми причинува големо задоволство што започнува со работа 53-та експозитура на НЛБ Банка. Со отворањето на оваа експозитура, кое се случува во услови на пандемија, ја прошируваме нашата продажна мрежа со уште една атрактивна локација. Нашата цел е да ја зголемиме достапноста на Банката, како и да овозможиме уште подобро корисничко искуство. Во модернизиран амбиент следејќи ги нашите корпоративни бои креиравме ново катче кое ќе придонесе кон повисоко ниво на опслужување на жителите на Општина Карпош и граѓаните на градот Скопје со сите наши продукти и услуги“, истакна г-а Маја Ставрева Стојанова – Директор на сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка.
По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува првите сто клиенти во експозитурата и тоа: клиентите кои ќе аплицираат за НЛБ кредитнa или бизнис картичка, ќе добијат бесплатна членарина за првата година на користење, а клиентите кои за време на нивната посета во експозитурата ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација со привилегија за плаќање, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.
Со отворањето на оваа експозитура НЛБ Банка располага со продажна мрежа од вкупно 53 експозитури на територијата на Р. Северна Македонија, од кои 27 во Скопје, а останатите 26 надвор од главниот град.