Норвешка ги брише сите податоци собрани преку Ковид апликација

Здравствените власти во Норвешка одлучија да ги избришат сите податоци кои беа собрани со помош на мобилната апликација за следење на заразените со коронавирус и пронаоѓање на нивните контакти. Одлуката следува по искажаната загриженост од надзорното тело за заштита на податоците.

Потпирајќи се на блутут врски и централизирана база на податоци за GPS локации на корисниците, Норвешка беше меѓу првите западни земји што разви таква апликација.

Собраните податоци беа чувани 30 дена, а апликацијата сега ќе биде укината. До денеска, 8.628 луѓе се заразени со новиот коронавирус во Норвешка, а регистрирани се  242 смртни случаи.

Back to top button
Close