Норвешката армија ќе ги штити гасните и нафтените платформи и енергетски инсталации

 Норвешка ќе ја ангажира армијата за да ги заштити своите нафтени и гасни капацитети од можна саботажа, откако беа оштетени двата руски гасовода преку кои се транспортира гас за Европа, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере.

Истекувањето гас како последица на можна саботажа на гасоводите „Северен поток” предизвика конфузија на енергетските пазари и ја зголеми загриженоста за безбедноста на инсталациите.

Норвешка моментално е најголемиот европски снабдувач на гас и водечки светски снабдувач со нафта. Има повеќе од 90 подморски наоѓалишта за гас и нафта, од кои повеќето се поврзани со мрежа цевководи со вкупна должина од околу девет илјади километри.

„Војската ќе биде поприсутна на норвешките нафтени и гасни капацитети”, рече Стоере пред новинарите, истакнувајќи дека на евентуален напад државата „ќе одговори заедно со сојузниците”.

Back to top button
Close