Нов изум: Кинезите почнаа со употреба на вдишлива вакцина против коронавирус

Кинескиот град Шангај почна да ја користи првата инхалирана вакцина против Ковид-19.

Администрацијата на Шангај објави дека вакцината за вдишување се нуди бесплатно како дополнителна доза на претходно вакцинирани лица. Целта на развојот на овие вакцини е да се вакцинираат лицата кои имаат проблем со класичната вакцинација поради употребата на игли, како и да се зголеми бројот на вакцинирани лица во сиромашните земји поради полесна администрација.

Кинеските регулатори ја одобрија употребата на овие вакцини како засилувачка доза во септември.

Развиена е од кинеската биофармацевтска компанија Cansino Biologics Inc. Компанијата објави дека клиничките испитувања се спроведени во Кина, Унгарија, Пакистан, Малезија, Аргентина и Мексико.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во моментов низ светот се тестираат десетина вакцини кои ќе се вдишуваат преку нос.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close