Нова анкета: Камала Харис води пред Трамп

Демократката Камала Харис има тесно водство пред републиканецот Доналд Трамп во претседателската трка, според новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Во моментот на објавување на резултатите од последната анкета, Харис пристигна во сојузната држава Висконсин, како дел од нејзината прва предизборна активност како кандидат на Демократската партија.

Харис води со 44 наспроти 42 отсто меѓу регистрираните гласачи во националната анкета спроведена во понеделникот и вторникот, што следи по Националната конвенција на Републиканците каде Трамп формално ја прифати номинацијата на неговата партија во четвртокот и најавата на Бајден во неделата дека ја напушта трката и ја поддржува кандидатурата на Камала Харис.

Харис и Трамп беа изедначени со 44 отсто во претходната анкета од 15 до 16 јули, а Трамп водеше со еден процентен поен во анкетата од 1 до 2 јули

Back to top button
Close