Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец

Околу 18 часот и 10 минути, затвореник за кој во моментов не е нејасно како го напуштил затворот, пукал кон член на групата Грчец, дознава ТВ21 од свои извори.

Лицето кое во моментот се движело по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ било пукано во ногата. Потоа итно е префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата.

Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат.

Тој на полицијата и појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Нејасно е во моментов дали при исказот повредениот потенцирал дека го знае напаѓачот.

Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.

Инаку дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство.

Back to top button
Close