Нови воздушни напади врз Украина, повредени осум лица

Нападите, како што соопштија украинските сили, биле извршени со 16 различни видови ракети и 20 офанзивни беспилотни летала од типот „шахед“. Уништени или оштетени се десетици возила, како и девет станбени згради, неколку приватни домови, продавници, градинка и административни згради, соопшти гувернерот на Днипро

Експлозии во текот на ноќта одекнале во градот Днипро, како и во Запорожје и Харков, а сирените за предупредување од воздушен напад биле активирани ноќеска во 3.48 часот во цела Украина, јавува Киев Индепендент, пренесува Гардијан.

Според иформациите, и градот Одеса доцна синоќа бил погоден од руски беспилотни летала.

Гувернерот на Днипро Серхиј Лисак , во објава на Телеграм, Во објава на Телеграма им се заблагодари на одбранбените сили, додавајќи:

 

„Го издржавме нападот“

Тој подоцна соопшти дека дека 15 беспилотни летала и четири крстаречки ракети биле соборени над регионот, додека осум лица биле повредени, од кои тројца се пренесени во болница.

Уништени или оштетени се десетици возила, како и девет станбени згради, неколку приватни домови, продавници, градинка и административни згради, соопшти гувернерот на Днипро.

Нападот, како што соопштија украинските сили, бил извршен со 16 различни водови ракети и 20 офанзивни беспилотни летала од типот „шахед“. Украинската противвоздушна одбрана, како што информираа оттаму, успеала да ги собори дроновите и четири крстосувачки ракети.

Според Лисак, еден маж бил ранет во градот Днипро, а се дум лица се повредени во областа Синелникивски во регионот Днепропетровск, објави Ројтерс.

Back to top button
Close