ОЈО ГОКК го затвори предметот за набавките за изградба на 19 модуларни болници
Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки, пренесе 360 степени.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата.
Предметот беше отворен на 10 септември 2021 г. по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово. Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници.
.Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени.
Роднините на загинатите бараат одговорност и од поранешниот министер за здравство, Венко Филипче и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, сопственик на „Брако“.






