ОЈО за убиството во Битола: Извршен е увид, подигнати се траги и материјални докази

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот, велат од ОЈО Битола.

„Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира јавноста“, стои во соопштението на ОЈО

Back to top button
Close