Облачно, локално со повремени поројни дождови


Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.

Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Back to top button
Close