(ОБНОВЕНИ ПОДАТОЦИ) Излезеноста до 9 часот е 4,06% по обработени 94% од избирачките места

Излезеноста на гласање до 9 часот изнесува 4,06 отсто, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, од обработени над 92% од гласачките места. На страницата rezultati.sec.mk каде што постојано се ажурираат податоците, ДИК ги пренесува деталите за излезеноста на гласањето и по општини.

 

Излезеност до 9 часот

Фото: принтскрин

Според објавените податоци, во проценти најголема излезеност има во Демир Капија – 9,42%, а најмала во Пласница – 0,97%.

 

 

 

Според обработените податоци, во апсолутни бројки, пак, најмногу луѓе гласале во Битола и тоа 3629 , а најмалку во Центар Жупа, каде што на гласање излегле 80 гласачи.

Претходно, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, соопшти дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места.

До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на Комисијата, сите гласачки места се отвориле навреме

Back to top button
Close