Обвинителка предизвикала трауми кај жртвата, правејќи реконструкција на силување во кола, во присуство на неа и силувачот

Жртвата на реконструкцијата на настанот морала да стои до насилникот и да го гледа како ѝ се смее во лице

Обвинителка од Велес направила реконструкција на силување во кола, во присуство на силуваната и пријавениот насилник, изложувајќи ја жртвата на повторна виктимизација и психички трауми.

Случајот девојката го пријавила на 2 август 2020 година, веднаш откако се случил. Утре е точно година ипол од физичкиот напад и од силувањето, Основното јавно обвинителство Велес уште нема одлука.

Девојката чека правда, веројатно и пријавениот, нејзино поранешно момче. Кај неа се заздравени модринките од тепањето, но од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми кои вели со секој изминат ден и изгубена надеж дека Обвинителството ќе ја заврши истрагата, стануваат сè подлабоки и подлабоки, пренесе СДК.

Обвинителката дала наредба за реконструкција на силувањето, зашто верзиите на жртвата и на пријавениот биле различни. Ова е редок случај во судската пракса да се прави реконструкција за вакво чувствително дело.

Поради тоа Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи поднел претставка против обвинителката. Советот на јавни обвинители вели дека ја препратил до Вишото јавно обвинителство да го испита случајот и да утврди дали има евентуална одговорност.

Реконструкцијата била направена во март лани, со актерка и актер, во соработка со Драмскиот театар. Тие прават сè што кажува пријавениот за силување, значи по едната верзија првин, а потоа глумат пред обвинител, судски вештаци и адвокати по спротивната верзија, т.е. по верзијата на жртвата.

Ова е овозможено со Законот за кривична постапка, но тој забранува натамошно изложување на опасност на психичкото и физичкото здравје, во случајов на девојката која пријавила силување. Таа на реконструкцијата на настанот морала да стои до насилникот и да го гледа како ѝ се смее во лице.

Жртвата за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека тој ден кога била повикана одново и одново да раскажува за тоа што го претрпела и за кое веќе била сослушана, што исто така не е законски, испила една рака лекови за да го издржи сето тоа. Најмногу, вели, зашто ѝ било кажано дека и тој ќе биде таму, во близина од два-три метра, истовремено со неа.

Во многу лоша состојба, помодрена од гмечење и ќотек, со напукната уста и модринки на вратот од давење, во тотален шок, жртвата заедно со родителот уште истата вечер го пријавила настанот.

Па поради таа прашува: „Ако на жртвите кои не молчат, кои се охрабриле да пријават силување, им се случува ова мене што ми се случува – да ме тераат повеќепати да поминувам низ хоророт, да ме сретнуваат повторно со тој што ме тепаше и силуваше, да ме испрашуваат за едно исто исти вештаци двапати – тогаш која е пораката кон девојките и жените-жртви кои се плашат да пријават.

…

Повеќе

 

 

Back to top button
Close