Обвинителката Коларевиќ за 360°: Обвинителството не носи одлуки за да одговараат на нечии очекувања

Една од главните причини поради кои ја прекинала истрагата за случајот „Мазут“, вели Коларевиќ за „360 степени“, се исказите кои пред обвинителството ги дале претставниците на државната компанија ЕСМ, и тоа само пред два месеци – во март 2026 г. И не само тоа, додава таа, претставниците на АД ЕСМ, овластени од сегашниот директор на АД ЕСМ, и претставниците на ТЕЦ „Неготино“, овластени од сегашниот директор на ТЕЦ „Неготино“, на записник во обвинителството изјавија дека постапките се спроведувале согласно правилата, дека немало проблеми во динамиката на испорака, дека договорите биле целосно испочитувани

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал пред околу 48 часа соопшти дека ја прекинува истрагата за случајот познат во јавноста под кодното име „Мазут“, за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“ за време на енергетската криза од 2021 до 2023 година. Тоа значи дека е прекинат кривичниот прогон против 13 физички лица, меѓу кои и бизнисмените Ратко Капушевски, Ерџан Сулкоски, Асмир Јахоски, поранешниот директор на државната компанија АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, како и уште осум други лица вработени во ЕСМ.

Обвинителката која ја водеше истрагата, на брифинг со новинарите, ги образложи причините за таквата одлука.

Но, тоа не ги спречи реакциите. Во изминативе два дена прекинот на истрагата го критикуваше премиерот, партијата што ја води и министерот за правда. Првиот човек на Владата кажа дека му се јавил на јавниот обвинител на РСМ, Ненад Савески, што самото по себе предизвика нова низа реакции поради фактот што извршната власт директно реагира за конкретен предмет кај обвинителството. Реакциите и причините поради кои ја донесе одлуката за прекин на истрагата се главните теми на кои побаравме одговори од обвинителката Катерина Коларевиќ.

Катерина Коларевиќ, обвинителка (прва од лево)

„360 степени“: Вашата одлука за затворање на истрагата крена многу прашина во јавноста. Меѓу другите, премиерот рече дека со неверување ја примил веста и дека е шокиран. Од неговата партија, пак, бараат оставка на шефот на обвинителството во кое работите, Ислам Абази. Кој е вашиот коментар на овие изјави?

Катерина Коларевиќ: Обвинителството не се впушта во коментирање на изјави на политички актери или на други институции и сметам дека тој принцип треба да се задржи. Нашата обврска не е да учествуваме во политички дебати, туку да постапуваме исклучиво врз основа на закон, докази и факти утврдени во постапката. Разбирам дека одлуката предизвика реакции во јавноста, меѓутоа обвинителството не носи одлуки за да бидат популарни или да одговараат на нечии очекувања, туку за да бидат законити и одржливи. Во конкретниот предмет, истрагата траеше повеќе од една година, беа преземени бројни дејствија, беа анализирани обемни докази и на крајот не се обезбедија докази што ќе овозможат продолжување на постапката и поднесување обвинение. Досегашното искуство во државата покажало дека поднесувањето обвиненија без цврста доказна основа, особено во предмети под силен јавен и политички притисок, неретко резултира со ослободителни пресуди, долготрајни постапки или застарување на предметите, со што се создаваат и сериозни финансиски импликации врз Буџетот по основ на судски трошоци и надомест на штета. Токму затоа обвинителството мора да постапува одговорно и професионално, а не под влијание на дневнополитички очекувања. Секој има право на политички став и коментар, но обвинителството не смее да работи под притисок, ниту врз основа на политички изјави, медиумска атмосфера или јавни очекувања. Единствениот критериум за нас е дали постојат докази што можат да издржат пред суд и да резултираат со законита и осудителна пресуда.

Целото интервју на 360 со обвинителката Коларич ТУКА

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close