Обвинителство истражува зошто цела недела заради технички проблеми се затворени 9 од 12 хируршките сали.


Обвинителството истражува зошто веќе една недела се затворени хируршките сали на клинички. Првите информации се дека се ширел непријатен мирис, а од Министерството за здравство посочиле на проблеми со функцонирање на вентилацискиот систем. Предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело.

По собранаите искази и докази обвинителстовто ќе процени дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого.
За проблемите во зградата на хируршките клинки се огласија и од ВМРО ДПМНЕ. Ги обвинија СДСМ и ДУИ дека го уништуваат здравството до последен ден.\

Од Министерството за здравство официјално не известија за што се работи и кои мерки ги преземаат за функционирање на хируршките сали. Поладнево, оттаму информираа дека министерот за здравство Илир Демири, в понеделник на 27 мај ќе одржи прес-конференција во 12 часот, но не посочија детали за што ќе се зборува.

Како што посочува ТВ Телма, неофицијално три од 12 операциони сали се оспособени со компресори и таму се преземаат итните случаи.

За состојбата на хируршките сали во Клинничкиот центар денеска од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека незапаметен хаос владее на Клиниката за хирургија, односно на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ.

Оттаму посочија дека цела недела не работат четири лифта, ниту, како што додаваат, двата кај Трауматологија, па како што велат пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или посета треба да одат по скали или да се возат со лифтовите што водат кон операционите сали.

Во меѓувреме решение за пациентите нема, а докторите од ГОБ 8 Септември и од Градската Болница се натоварени со работа од сите пациенти кои ги примаат од Клинички центар.

Другите кои не се итни, се упатени да чекаат дури и со сериозни дијагнози, како карцином.

Back to top button
Close