Обвинителството на БиХ побара петгодишна затворска казна за Додик и десетгодишна забрана за политичка активност

Во својата завршна изјава пред Судот на Босна и Херцеговина, државниот обвинител побара Милорад Додик и Милош Лукиќ да бидат осудени на затворска казна поблиска до максималната предвидена за ова кривично дело, која вообичаено се движи од шест месеци до пет години.

Дополнително, се бара забрана за политичко дејствување, преку мерката забрана на функцијата претседател на РС, а Лукиќ од функцијата директор на Службен весник во времетраење од 10 години.

 

По излагањето на завршните зборови, Судот на Босна и Херцеговина треба да донесе пресуда во рок од три дена.

Да потсетиме, денеска во Судот на Босна и Херцеговина ќе започне закажаното излагање на завршните зборови на судењето на претседателот на РС Милорад Додик и поранешниот вршител на должноста директор на Службен весник на РС Милош Лукиќ.

Back to top button
Close