Од 9 до 16 часот 151 санкција за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово

Тетовската полиција денеска во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Санкционирани се 151 возач, од кои 100 на територија на Тетово, а 51 на територија на Гостивар.

-Од казнетите 82 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а девет за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. СВР Тетово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Back to top button
Close