Од кој уставен судија Мицкоски бара оставка? – Кадриу: Го почитувам сечие мислење, немам намера да поднесам оставка

Алудираше ли премиерот Христијан Мицкоски на уставниот судија Осман Кадриу кога рече дека судија на Уставниот суд треба да си поднесе оставка бидејќи дал изјава поврзана со албанската кауза. Тој ова го изјави во вчерашното гостување во Клик Плус, во кое зборуваше за минатонеделната седницата на Уставниот суд на која беше донесена одлука да има подготвителна седница за Законот за јазиците


„Да каже уставен судија тоа што го кажа поврзано со албанската кауза и слично него не му е таму местото. Простете не му е таму местото. Тој може така да кажува такви изјави на друго место. Треба под итно да си поднесе оставка затоа што тој зема од мене плата. Тој од мене добива плата исто како што добива и од вас, исто како што добива од сите граѓани. Тоа не е чесно. Да играте на чувствата на граѓаните. Да играте на чувствата на најтенката работа да играте на чувствата“, вели Христијан Мицкоски.

Го прашавме судијата Кадриу што мисли за ваквата изјава на Мицкоски и дали смета дека тоа се однесува на него. Тој рече дека не слушнал што рекол премиерот, но дека ги почитува ставовите на сите. Сепак додаде дека нема да поднесе оставка.

 

„Не ми е позната изјавата на уважениот премиер Мицкоски, второ секогаш кога станува збор за политички изјави секогаш јас се воздржувам да дадам коментар на тие изјави и трето што посебно јас го ценам правото на мислење е со Устав гарантирано право, секој може да изнесува свое мислење, свој став, и независно дали ми се допаѓа или не ми се допаѓа јас сите мислења и размислувања кои и не се мои мислења јас посебно ги ценам“, вели Осман Кадриу.

 

 

Првиот вицепремиер Изет Меџити во Дејли клик на ТВ21 пак, рече дека пред седницата на Уставниот суд имало еден вид притисок, за тоа судиите да постапуваат според совеста. Повикавме ова прашање да го третираат не само како правно туку и како политичко, што се поврзува со сегашноста но и иднината на земјата, вели Меџити кој додава дека  за ова биле унифицирани и како Влада.

„Пред Уставниот Суд да донесе одлука, направивме јавен притисок, политички, значи не директен притисок, повикувајќи ја совеста на уставните студии, дека се работи со прашање што ги допира темелите на државата, на новата држава, на новата Македонија, новиот Устав, духот на Охридскиот договор, што се гради на соживот, првин на двете најголеми етнички заедници во земјата, Македонците и Албанците, особено кога се На седницата на Уставниот суд на која на дневен ред беше Законот за јазиците донесена е одлука прво да се одржи подготвителна седница на која ќе бидат повикани експерти, претставници од Венецијанската комисија, како и оние кои поднесоа иницијатива, да дебатираат за овој закон. Двајцата судии Албанци Осман Кадриу и Насер Ајдари не присуствуваа на седницата што се одржа во средата.

Back to top button
Close