Одржување на стиропорот

1. Животот во Македонија ни поминува во магичен круг на сезонски теми. Секогаш се истите. Еве, ноември е, ќе си збориме за загадувањето. Ќе почне скијачката сезона, ќе си збориме колку е уништена Попова Шапка. Во февруари ќе дојде извештајот на УНЕСКО, па ќе дебатираме колку сме го уништиле Охрид, ќе дојде лето па ќе се бара „легло повеќе“ и ќе се буниме зошто нема таму нема „елитен туризам“, во меѓувреме, прво ќе се палат стрништата, потоа дивите депонии, па шумите и еве го, ене го, ќе дојде пак ноември, ќе ни се врати загадувањето.

Секој ден, кога се будиме, како првпат да гледаме што ни се случува. И секогаш одново се чудиме дека Скопје, Тетово и Битола се задушуваат, дека Шапка не работи, дека Охрид се уништува, дека горат стрништа и диви депонии.

Нема никакво помрднување што би нѐ оттргнало од тој магичен круг повеќе од триесет години. Ова лето изгоре половина држава. Колку време траеше меморијата за тоа? Презеде некој нешто? Не. Вгодина пак ќе се изненадиме.

 

2. И министерот за култура Зоран Љутков се изненадил кога го посетил Македонскиот народен тетар (МНТ). Ја обвини претходната власт дека не го одржувала објектот што чинеше 40 милиони евра.

Љутков изгледа заборавил дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа пр пат на власт. Театарот за кој самиот „не вели дека немало пропусти во изградбата“ беше во катастрофална состојба само што го пуштија, во 2013 година. Уште оттогаш, среде фоајето стојат кофите за прибирање на водата што тече од терасата на таванот. Околу театарот стојат вреќите со песок за да не се поплават подрумите ако заврне дожд. Претстави се откажуваа за глумците да не ги отепа струја. Не е дека субстандардот од 40 милиони евра не се одржувал. Туку на таа зграда не може крај со крај да ѝ се пофаќа.

Претходната власт, таа на СДСМ, не го одржувала стиропорот. Не ги биваше и затоа паднаа на избори. Затоа победи ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно сега предвиделе пари во буџетот за одржување на стиропорот. И се надевам, не ја заборавиле и ставката за освежување на златната боја за ќунци.

Да го потсетам Љутков дека неговата партија ни го наплати стиропорот како мермер, а бојата за ќунци како злато. Така што нека го обнови стиропорот, нека пребојоса и нека си брка работа. Што повеќе се жали, толку повеќе ја освежува меморијата кој всушност тоа го изгради. Дека баш тие згради што се распаѓаат, сосе зградата на Владата од која отпаѓа стиропорот, се дело на 11-годишното владеење на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close