ОФИ го освои грчкиот Куп

Фудбалерите на ОФИ Крит се победници на Купот на Грција, откако синоќа со 3-2 го совладаа фаворизираниот ПАОК во драматичното финале во Волос.
За ОФИ ова е втор трофеј во националниот Куп во клупската историја, по дебитантскиот успех во 1987 година. ПАОК остана на осум трофеи, додека рекордер е Олимпијакос со 29 титули.
ПАОК поведе во 15 минута со голот на Михаилидис, додека Фунтас израмни во 28 минута. Резултатскиот пресврт се случи во 50 минута кога ОФИ поведе со 2-1 со голот на Нус и водеше до седмата минута од судиското продолжение, кога Јеремејф го однесе финалето во продолженија.
Победоносниот гол за тимот од Крит го постигна Исека од пенал во 107 минута






