Огнот ги премина барикадите кон воениот полигон Криволак – таму се пренасочени сите сили

Не успеа заседата на огнот кај Криволак што ја правеа над стотина полициски тигри, припадници на армијата и пожарниари, за да спречат пожарот да премине преку земјениот пат околу воениот полигон.

Сега ќе се праваат обиди да се пресртене на друго место, иако воените објекти се уште се далеку од огнената стихија.

Гори мешана шума и ниска вегетација, а чадот се протега до Штип и Свети Николе.

Back to top button
Close