Ограбена филијала на банка во Скопје

Филијала на банка на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје денеска претпладне е ограбена од едно лице кое со закана со пиштол одзело пари.

Како што информира Министерството за внатрешни работи грабежот е пријавен во СВР Скопје во 11:25 часот.

– Денеска (04.06.2024) во 11:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close