ОХР за средбата меѓу Додик и Путин: БиХ се обврза да ги следи насоките за надворешна политика и безбедност на ЕУ

Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина (ОХР) денеска соопшти дека Босна и Херцеговина се обврзала да ги следи безбедносните и насоките за надворешна политика на ЕУ, како земја која сака да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија.

„Ова ја исклучува соработката со земјите кои се под санкции, како и личните средби со шефовите на тие земји“, истакна ОХР, по повод денешната средба меѓу претседателот на Република Српска Милорад Додик и рускиот претседател Владимир Путин во Казан.

Додик информира дека за време на состанокот со Путин рекол дека РС отфрла секаква можност да се приклучи на западните санкции против Русија

Back to top button
Close