Околу 70 повредени во судир на два трамваи во сибирскиот град Кемерово

Во судир на два трамваи во Кемерово, Русија, повредени се 67 лица, соопшти вршителот на должноста гувернер на Кузбас, Илја Середјук на Телеграм.

Тројца од повредените се во тешка состојба – двајца се на интензивна нега, еден во операциона сала каде лекарите се борат за неговиот живот. Десет лица се упатени на амбулантно лекување, информира Середјук.

Несреќата се случила рано утрово на автопатот Логоваја во Кемерово, Сибир, а надлежното обвинителство покрена кривична истрага. Поради несреќата, формиран е оперативен штаб на чело со градоначалникот на Кемерово, Дмитриј Анисимов.

Back to top button
Close