Ѓоковиќ бил отруен, тенисерот откри шокантни детали
Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, се присети на најтрауматичниот момент од неговата кариера во 2022 година, кога, како што вели тој, бил отруен во Австралија.
Ѓоковиќ не се вакцинираше против коронавирусот и тоа му предизвика огромен проблем во Австралија, од каде беше депортиран од надлежниот министер.
Новак со денови пред депортацијата беше затворен во хотел во Мелбурн, кој беше посетен и од Nova.rs. Српскиот тенисер таму имал лош третман и сè уште мисли дека бил отруен преку храната.
„Кога се вратив дома, имав здравствени проблеми и сфатив дека ме отруле со храната во тој хотел во Мелбурн! Ова јавно никому не сум го кажал, но кога се вратив во Србија, открив дека имам високо ниво на тешки метали во организмот. Имав високо ниво на олово и жива“, рече Новак во интервју за „GQ“.
Од тамошното Министерство за внатрешни работи наведоа дека од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи, кога беа контактирани во врска со тврдењата на Новак, пишува на веб-страницата на GQ. Прашање е дали некогаш ќе ја дознаеме целата вистина.
По сагата во Австралија, на Новак му беа потребни неколку месеци за физички, психички и емоционално да се стабилизира, но потоа, во 2023 година, стигна до својата 10-та Грен слем титула во Мелбурн, каде што се врати и во 2024, а сега и во 2025 година, кога му го предаде мечот на Александар Зверев во полуфиналето.
Ѓоковиќ им прости на сите што му нанесоа зло во Австралија, но не го заборави тоа и им се одмазди на теренот, во својот препознатлив стил, докажувајќи дека е најдобар на сите времиња.
Иако со последиците од депортацијата Новак ќе живее засекогаш, тој успеа да го преброди најлошото и повторно да докаже дека нема кој да му се мери. (Nova.rs)